Металург дава шанса на младите: Тодески, Митиќ и Кофилоски ќе бидат дел од првиот тим!

Тимот на Металург и во следната сезона ќе ја продолжи практиката да им дава шанса на дел од играчите во подмладокот во првиот тим.

Под водство на Зоран Кастратовиќ од лето ќе работат двајцата младинци – левото крило Дарио Кофилоски и пивтоменот Андреј Митиќ, како и кадетот Теодор Тодески, кој настапува на позицијата лев бек.

Кофилоски и Митиќ веќе имаат акумулирано искуство од настапите во суперлигашкото друштво во дресот на Металург 2, а за Тодески ова ќе биде деби во елитата.

Тимот од Автокоманда има големи амбиции во новата сезона и веќе работи на склопувањето на играчкиот мозаик. Досега се засили со Бранко Канкараш, Никола Потиќ, Момир Рниќ и Златко Хорват.