Металург го совлада Бутел и си обезбеди виза за Лига на Европа

Откако првопласираните три екипи Вардар, Еурофарм Пелистер и Пролет обезбедија места за настап во европските купови, за четвртото место и пласман во Лигата на Европа во директен дуел се бореа Металург и Бутел Скопје. На натпреварот одигран во Автокоманда поуспешна беше екипата на Металург со 36:35.

Натпреварот од 13. претпоследно коло кој беше од големо значење за двата тима гостите го започнаа подобро и отворија со 3:0. Металург имаше одговор на силниот почеток на Бутел и возврати со серија од три гола за израмнување. Во продолжението најчесто беше нерешено без поголемо водство на едната или другата екипа.

Сепак финишот на првиот дел им припадна на домаќините, Металург влезе во добар ритам и го контролираше резултатот. Предводен од Хорват и Серафимов успеа да обезбеди добра предност после првите 30 минути. Домашниот тим на паузата имаше предност од 17:13.

Добрата игра на избраниците на Иван Марковски продолжи и на почетокот на вториот дел кога Металург стигна до највисокото водство од 20:14. Оваа предност се покажа како доволна до крај за конечен триумф. Во вториот дел се разигра Калуѓеровиќ кој беше многу ефикасен и еден од најзаслужните за победата.

Во финишот Бутел Скопје се обиде да стори нешто повеќе со пресинг, но беше предоцна и мораше да се помири со пораз, кој може да го доведе во прашање и 5. место на табелата.

Најефикасни во тимот на Металург беа Хорват и Калуѓеровиќ со по десет гола, а Серафимов постигна седум. Во составот на Бутел Скопје најрасположен беше Златко Мојсоски со девет погодоци.

31 мај 2021
36 - 35
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
31 мај 2021 20:32 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 31 60'

Место

Спортска сала „Автокоманда“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЕТАЛУРГ1736Победа
БУТЕЛ1335Пораз

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Александар Петковскидесен бек01
6Милан Поповиќлево крило14
7Дарио Кофилоскилево крило00
10Даниел Дупјачанецголман00
11Мице Шилеговдесно крило00
13Златко Хорватдесно крило010
15Василије Калуѓеровиќлев бек210
17Мартин Серафимовдесен бек07
19Милан Лазаревскипивот00
20Даниел Ѓорѓескиголман00
26Марко Тарабокијацентрален бек00
27Теодор Тодескилев бек00
28Андреј Митиќпивот12
42Момир Рниќлев бек00
44Стефан Додиќцентрален бек32
64Велко Маркоскилев бек10
 Вкупно 836

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Наум Симјановскиголман00
6Јовица Младеновскилев бек15
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек00
9Марко Божиновскилево крило00
10Марко Митевцентрален бек01
14Бојан Спасовскипивот10
15Златко Мојсоскидесно крило09
17Бојан Спасовскидесен бек00
18Христијан Милошевскилев бек00
23Горан Печенковскицентрален бек04
24Златко Даскалоскиголман00
26Душан Трифковиќ-05
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќпивот03
34Кристијан Василевскипивот10
64Мирко Мајиќлево крило08
 Вкупно 335

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
МЕТАЛАРИ КАМЕР
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515