Металург во нов карантин, нема да патува за Русија

Екипата на Металург е во нов карантин кој ќе трае 14 дена што значи дека натпреварите против Чеховски медведи договорени за 8 и 11 декември во Русија ќе бидат одложени.

Според информациите позитивни на Ковид 19 се тренерот Оливер Димитриоски и голманот Даниел Ѓорѓески, кој е без симптоми.

Со новите два случаи кои се позитивни нема друг избор освен да се оди во нова изолација која ќе трае 14 дена, па дури потоа ќе биде познато како ќе се одвиваат работите, но тешко е веројатно дека ќе има натпревари после 16 декември.

Голема е веројатноста дека и за Металург заврши оваа година на полето на одигрување на натпревари, но останува да се види како ќе се одвиваат работите.

Ова е вторпат тимот на Металург да оди во изолација бидејќи и претходно имаше позитивни ракометари поради кои целиот тим мораше во карантин. Со ова воедно се компликува и финишот од есенската полусезона во Група Б од Супер машката лига бидејќи Металург има уште неколку средби кои треба да ги одигра.