Металург брани плус два против Криенс, на распоред многу интересни дуели

Со натпреварите кои ќе се одиграат денеска низ Европа и утрешниот во Москва финишира делот на квалификациите во Лигата на Европа и екипите се насочуваат кон дуели од групната фаза.

Кои тимови ќе успеат да си изборат место ќе се види до крајот на денот, па утре ќе остане само еден натпревар за затворање на списокот.

Кои се дуелите што денеска и утре се играат можете да видите во продолжение, а можете да погледнете и кој резултат ќе биде потребно да се направи за да се пласира едниот или другиот состав.

До секој од дуелите има информација за првата пресметка така што лесно може да се направи математиката.

ЛИГА НА ЕВРОПА

ВТОРНИК, 29 СЕПТЕМВРИ

18:00ч

НЕКСЕ – БИДАСОА

* Бидасоа има предност од 30:27.

18:45ч

КРИЕНС – МЕТАЛУРГ

*Металург има предност од 26:24.

ТРИМО ТРЕБЊЕ – БАЛАТОНФУРЕДИ

* За разлика од другите двобои тука се игра само еден натпревар.

РАЈН НЕКАР – ХОЛСТЕБРО

* На првиот дуел тимот на Рајн Некар како гост победи со 28:22.

ВИНТЕРТУР – ГОГ

* Екипата на Гог има предност од 33:24 на гостувањето во Швајцарија.

КРИСТИЈАНШТАД – АЗОТИ ПУЛАВИ

* Првата средба заврши со победа на Кристијанштад од 25:24.

20:45ч

СПОРТИНГ – ДОБРОГЕА СУД

* На дуелот во Романија одиграа нерешено, 27:27.

МОНПЕЛЈЕ – СКЈЕРН

* Првата средба беше неивесна. Скјерн победи со 31:30.

ФУКСЕ БЕРЛИН – ЃЕНЃЕШ

* Тимот на Фуксе Берлин имаше подобар прв дуел. Како гост во Унгарија славеше со 25:23.

ТУЛУЗ – ПОТАИСА ТУРДА

* Првиот натпревар одигран во Романија заврши со нерешени 35:35.

СРЕДА, 30 СЕПТЕМВРИ

10:00ч

ЦСКА МОСКВА – БЈЕРИНГБРО

* Бјерингбро Силкеборг доаѓа во Москва со победа од 26:23.