Мем: Научивме многу од натпреварот со Вардар

Ракометарите на Барселона по болната елиминација во ланското полуфинале на завршниот турнир во ЛШ од Вардар, се враќаат во „Ланксес Арена“.

Каталонскиот гигант ќе се соочи со францускиот ПСЖ во полуфиналето, а десниот бек Дика Мем смета дека грешките од средбата со Вардар се веќе научени.

„Поразот од Вардар беше многу тежок. Тоа беше прв пат да загубам натпревар со мојата екипа, а претходно да водиме со седум гола. Се надевам дека научивме многу од тој натпревар и сега ќе мора да играме 100% од првата до последната минута, без разлика дали водиме со седум или со десет погодоци“, изјави Мем.

Средбата меѓу Барса и ПСЖ се игра вечерва од 18:00 часот, додека второто полуфинале меѓу Веспрем и Кил ќе почне од 20:30 часот.