Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во нов термин!

Првото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ ќе се игра во друг термин, иако беше предвиден за 27 и 28 август.

Организаторот, тимот на Охрид, објави дека поради оправдани причини, турнирот мораше да биде поместен за четири дена порано.

На првиот ден од турнирот ќе се одиграат две полуфинални средби, додека на 24 август ќе се играат мечот за третото место и финалниот натпревар.

Покрај домаќинот Охрид, од Македонија ќе учествуваат Тиквеш Кавадарци и Пролет, додека единствениот гостин од странство е Партизан.