Мелзунген си најде нов тренер и тоа на Исланд

Селекторот на Исланд, Гудмундур Гудмундсон до крајот на сезоната покрај тоа што ќе ја предводи репрезентацијата ќе има и клупски ангажман. Тој прифати да седне на клупата на Мелзунген и да се обиде со овој клуб да дојде до колку може подобар резултат.

Гудмундсон веќе има искуство со работа во Бундес лигата така што нема да има поголем проблем со адаптација. Гудмундсон во својата кариера беше тренер на Рајн Некар во Бундес лигата така што знае што треба за ова.

Воедно има доста искуство зад себе како тренер така што Мелзунген добива добар стратег и дефинитивно ќе има што да покаже до крајот на сезоната.