МВП на 7. Коло од Супер машката лига – Давор Шокоски (Прилеп)

Левиот бек на Прилеп, Давор Шокоски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 7 коло од Супер машката лига.

Шокоски освои околу 72% од гласовите, а второпласираниот Дејан Шешиќ собра околу 15% од гласовите.

Левиот бек на прилепчани беше најзаслужен и со 15 погодоци го водеше неговиот тим до триумф над Куманово.

Во трка за МВП беа уште и Јан Чувара, Ненад Белистојаноски, Урбан Лесјак, Страхиња Симиќ и Милан Лазаревски.