МВП на 2. коло во Суперлигата: Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2)

Членот на Еурофарм Пелистер 2, Цветан Кузманоски, е најкорисниот играч на 2. коло во Суперлигата.

Левото крило, кое лани беше најдобар стрелец на Струга ги покажа своите квалитети против Работнички и беше еден од најзаслужните за убедливата победа.

Кузманоски постигна девет погодоци со кои беше најдобар стрелец во двата тима. Тој собра 382 гласа, што е за 49 повеќе од второпласираниот – десното крило Пеце Рајатоски од Струга со 333.

Понатаму следуваат голманот од Бутел, Бојан Блажески со 236 гласа, па десниот бек Доне Мајнов од Пролет со 182 гласа, како и пикерот Милан Лазаревски од Металург со 133 гласа.

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиот дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 14 кола.