МВП на 16. коло во Супер машката лига: Марко Божиновски (Бутел Скопје)

Ракометарот на Бутел Скопје, Марко Божиновски успеа да собере најголем број на гласови при изборот на тим за 16. коло во Супер машката лига.

Божиновски имаше 53% од вкупниот број на гласови со што се најде пред своите конкуренти. Тој имаше голема предност во однос на вторпласираниот Бобан Блажески од Охрид кој остана втор со 11 проценти.

Според бројот на гласовите при изборот на ракометар на 16. коло следуваат: Златко Даскалоски (Бутел Скопје, 9%), Иван Џонов (Пролет, 9%), Ивица Илиев (Радовиш, 8%), Милан Лазаревски (Металург, 6%) и Томислав Јагуриновски (Металург, 5%).

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.

ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20

1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)

2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)

3.КОЛО: Давор Палевски (Работнички)

4.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)

5.КОЛО: Лука Вујовиќ (Металург)

6.КОЛО: Мартин Карапалевски (Вардар јуниор)

7.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

8.КОЛО: Андреј Митиќ (Металург 2)

9.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

10.КОЛО: Христијан Крстаноски (Струга)

11.КОЛО: Милан Поповиќ (Металург)

12.КОЛО: Лука Стојановиќ (Металург 2)

13.КОЛО: Даниел Дупјачанец (Металург)

14.КОЛО: Дарко Кондев (Металург)

15.КОЛО: Васил Гогов (Вардар јуниор)

16.КОЛО: Марко Божиновски (Бутел Скопје)