Маџовска ефикасна, Цвикау со злато вредна победа во Бундес лигата

Тимот на Цвикау, каде што игра македонската репрезентативка Симона Маџовска, забележа важна победа во Бундес лигата.

Цвикау славеше на домашен терен против составот на Мецинген со 26-25, иако на полувремето гостинките водеа со 17-14.

Маџовска беше меѓу најдобрите во победничкиот тим и постигна четири гола од седум обиди, а доби едно исклучување.

Цвикау сега има пет бода и ја напушти зоната на испаѓање, а во следното коло игра на домашен терен против Некарсулмер, некогашниот тим на Маџовска и ќе има шанса за нови бодови.