Мајстор за последниот шут, на три средби побрз од звукот на сирената (ВИДЕО)

Првата ѕвезда во репрезентацијата на Холандија, Кеј Смитс беше одново клучниот ракометар во освојувањето на бодови на дуелот против Полска. Со неговиот погодок селекцијата на Холандија дојде до победа и до нови два бода, а тој воедно се промовираше во играч за победничкиот шут.

Со неговите погодоци Холандија освои дури пет бода на три од натпреварите, па оттаму тој стана уште поважен играч за репрезентацијата.

Смитс погодуваше во последните секунди на дуелите против Турција (за победа) и Словенија (нерешено), пред да ја донесе победата против Полска во неделата.

Против Турција погоди на 12 секунди до крајот на средбата за победа од 27:26. Со Словенија во многу интересен натпревар на секунда до крајот реализираше за нерешени 27:27, а во неделата исто така на секунда до крајот погоди за победа од 27:26 против репрезентацијата на Полска.

Овој погодок може да се види и во видеото во продолжение.

Со 35 погодоци тој е најдобриот стрелец во квалификациите за Европското првенство,а е на добар пат со неговата репрезентација да се најде на завршниот турнир во Словачка и Унгарија во јануари во 2022 година.