Матлиески: Иако победивме со десет гола, имаме уште простор за напредок

Тиквеш има старт на новата сезона според очекувањата и со две победи против Еурофарм Пелистер 2 и Скопје.

Избраниците на Никола Матлиески победија со десет гола разлика кај Аеродром, 39-29, иако минатата недела дел од нив имаа здравствени проблеми и не тренираа.

„Добро се подготвивме за Аеродром, знаевме што не очекува. Иако победивме со десет гола разлика, сметам дека уште имаме простор за напредок. Водевме цел натпревар, шанса добија сите ракометари и почувствуваа што значи да се игра на гостински терен. Сакаме во првиот дел од сезоната да испробаме повеќе варијанти и комбинации, да видиме на кои играчи можеме да сметаме. Дел од нив си ги заслужуваат своите минути, дел треба уште да работат и да сфатат дека мора да придонесуваат за доброто на екипата. Ракометот е тимски спорт, пак кажувам заслужено победивме, но ни претстои уште многу работа, мора да работиме посветено за да ги оствариме нашите цели“, вели Матлиески.

По двете победи, кавадарчани следниот викенд ќе ја пречекаат незгодната екипа на Струга.

„Ни следува натпревар на домашен терен со Струга во Кавадарци. Се спремаме од натпревар во натпревар, посебно за секој противник. Поради некои здравствени проблеми на дел од играчите, цела недела трениравме послабо, но тие што настапија на денешниот натпревар најдоа сили да го изгураат и максимално коректно ја одработија задача“, заврши Матлиески.

Тиквеш со сигурен триумф кај Аеродром