Мате Лекаи е херојот на денот, ги матираше Германците на три секунди до крај

Организаторот на играта на репрезентацијата на Унгарија, Мате Лекаи е играчот кој го одбележа последниот ден од првата фаза на Светското првенство. Тој постигна гол во последниот напад при нерешени 28:28 и ги постави конечните 29:28 за Унгарија со што оваа селекција оди со максимални четири бода во втората рунда,

Oд почетокот на натпреварот имаше неизвеснсот и нијанси беа во прашање кој состав ќе биде во предност. Секако таа водството беше минимално во првите неколку минути, а двете селекции се менуваа во предност. Германија водеше со 1:0, па Унгарија со 2:1 и 3:2 пред Германците одново да направат мини пресврт за 4:3.

Тука дојде до мало израмнување на силите, па потоа конечно една селекција направи поголема предност. Унгарците наметнаа свое темпо и успеаја да дојдат до водство од четири гола при 10:6 при серија од 3:0. Потоа се влезе во уште подобар период и предноста дојде и до плус пет, 15:10.

Сепак, тука ракометарите од Унгарија како да застанаа бидејќи до заминувањето на одмор составот на Германија стигна до намалување на високата негатива и дојде до 14:15.

Во вториот дел голманот Роланд Миклер беше клучот за долгото одржување во водство на Унгарија. Неговите интервенции спречија пресврт, но предноста редовнот беше еден или два гола во корист на неговата селекција. Сепак, како наближуваше крајот се забележуваше дека Германија има сили за пресврт.

Јоханес Битер врати со неколку интервенции, па после 4:3 уште во отворањето на дуелот, Германија во 50. минута дојде до ново водство овој пат од 24:23. Тука средбата влезе во игра гол за гол, а најголемите возбудувања почнаа на три минути до крај. Имаше исклучување и на едната и на другата страна, па селекторите се надмудруваа.

На 28:28 Унгарците имаа време за уште еден напад, а после тајм-аутот, Мате Лекаи беше играчот кој презеде одговорност и ја смести топката во голот за победа. За Германците останаа три секунди, но се обидоа да изнудат удар од седум метри, а не добија ништо.

Со тоа Унгарија пренесува четири бода во следната рунда, додека Германците одат само со два бода.

19 јануари 2021
28 - 29
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
19 јануари 2021 22:03 ГРУПА А 2020/2021 19.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ГЕРМАНИЈА1428Пораз
УНГАРИЈА1529Победа

ГЕРМАНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јоханес Битерголман00
3Уве Генсхајмерлево крило01
4Јоханес Голапивот21
15Јури Кнорцентрален бек00
18Себастијан Фирнхаберцентрален бек20
20Филип Веберлев бек05
24Патрик Грецкидесно крило01
25Каи Хефнердесен бек13
27Антонио Мецнердесен бек00
31Марсел Шилерлево крило07
33Андреас Вулфголман00
35Јулиус Кунлев бек03
38Фабијан Бемлев бек02
73Тимо Кастенингдесно крило02
77Давид Шмитдесен бек10
95Пол Друкслев бек13
 Вкупно 728

УНГАРИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Адријан Сипоспивот10
7Бендегуз Бокалево крило10
12Мартон Секељголман00
16Роланд Миклерголман00
17Бенце Наѓлев бек00
20Миклош Ростапивот11
22Стефан Сунајколево крило00
23Доминик Матедесен бек18
25Родригез Алварездесно крило00
27Бенце Банхидипивот18
30Золтан Шиталев бек03
33Габор Анчиндесен бек22
39Рихард Бодолев бек02
47Петер Хорњакдесно крило00
66Мате Лекаицентрален бек04
9Жолт Балогдесен бек01
 Вкупно 729

Officials

Судии:
Борис Милошевиќ -Хрватска
Матија Губица -Хрватска
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ШПАНИЈА33006
2ЦРНА ГОРА32014
3ИРАН31022
4ЧИЛЕ30030