Мартин Јовановски замина од Германија, пред камбек во Суперлигата

Чуварот на мрежата Мартин Јовановски, кој пролетниот дел од сезоната го мина во Германија, се наоѓа пред камбек во Македонија.

Неколку суперлигашки екипи се интересираат за Јовановски, па наскоро ќе биде познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Голманот оваа пролет беше дел од германскиот третолигаш ТУС Дансенберг, каде забележа одлични настапи, а претходно во есенскиот дел ги бранеше боите на финскиот ХИФК.

Битолчанецот потекнува од Пелистер, беше дел од Еурофарм Работник, а настапуваше и за Охрид и Струга, како и за ГС Петролиер од Алжир.