Мартин Томовски и Лудвигсхафен ќе останат без првиот тренер

Стратегот кој има само 38 години и кој две сезони по ред успева да избори опстанок во Бундес лигата со тимот на Лудвигсхафен, Бен Мачке на крајот од ова сезона ќе го напушти клубот.

Тој ова веќе го има соопштено на раководството, а на крајот од сезоната завршува и неговиот договор така што ќе мора да се побара нов стратег за следната 2021/22.

Според она што во моментов е познато се очекува Мачке да му даде многу повеќе шанса на Томовски во сезоната која следува така што тој би требало да биде избор за голот пред ветеранот Горазд Шкоф, кој веќе има 43 години.