Мартин Велковски неизвесен за Русија

Десниот бек Мартин Велковски е неизвесен за настап на утрешниот натпревар против селекцијата на Русија.

Тој имаше незгоден пад при еден напад против Словенија и го свитка скочниот зглоб, но се уште не е утврдено колку е сериозна повредата.

Поголеми се шансите Велковски да не настапи утре против Русите, но на таа позиција селекторот Брестовац ги има Лазаров и Серафимов.

Покрај Велковски, на повреди се жалат и Филип Кузмановски и Марио Танкоски, па доколку не може да смета на сите нив, селекторот Брестовац ќе биде на голема мака.

Наптреварот меѓу Русија и Македонија, се игра утре во „Каиро Стадион“ со почеток во 15:30 часот.