Мартинс: Размислуваме само на победа против Вардар!

По триумфот на ПИК Сегед во ЛШ  и над Санхоаненсе во домашното првенство, екипата на Порто сака да ја продолжи победничката серија и во Скопје.

Средниот бек Мигел Мартинс, кој беше во комбинација за засилување на „црвено-црните“, најавува нов триумф на неговата екипа.

„Победивме против Пик Сегед, но сега мораме да бидеме внимателни против Вардар кој игра на домашен терен и веќе докажа дека има голем квалитет. Одиме во Македонија да триумфираме, фокусирани сме и размислуваме само на освојување на бодовите и на врв во групата. Овој Порто не е истиот со тој кој последно гостуваше во Скопје. Многу играчи до тој ростер веќе не се со нас, а пристигнаа нови. Но без разлика на тоа, мислиме само на победа“, вели Мартинс.

Натпреварот меѓу Вардар и Порто се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот.