Марко Кизиќ во големо друштво со Вулф, Кинтана… (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Марко Кизиќ доби уште еден значаен момент во неговата кариера откако беше вброен меѓу голманите кои имаа важни интервенции за своите тимови во досегашниот дел од сезоната во Лигата на шампионите.

Неговата двојна интервенција против Мешков Брест се најде во топ 5, а тој е во големо друштво меѓу најдобриот голман на Германија, Андреас Вулф, како и одличниот Португалец, Алфредо Кинтана.

Кизиќ е сместен на позицијата број 2 пред гласањето, а останува да се види како ќе котира после сумирањето на гласовите.