Марков се врати од Германија, пак ќе игра за Радовиш

Суперлигашот Радовиш доби уште едно засилување за новата сезона, а се работи во повратникот од Германија, Александар Марков. Се работи за ракометар кој две сезони мина во Германија, но сега одново ќе го носи дресот на радовишани.

Марков е играч кој одлично се знаоѓа во дефанзивата и сигурно ќе биде од голема корист за тимот на Радовиш во новата сезона. Работите се очекува да добијат поинаков правец во тимот и радовишани да бидат поконкурентни.

Левиот бек кој е висок 205 сантиметри во минатите две сезони играше за нисколигашот од Германија, Биберах, па сега со искуството кое го стекна со настапите во Германија ќе треба да му помогне на својот тим.