Мараш: Доаѓам во Битола поради тренерот Бабиќ

Лани тимот на Еурофарм Пелистер имаше само еден хрватски интернационалец – Ловро Јотиќ, а годинава ќе има најмалку тројца.

Покрај Стипе Мандалиниќ и Томислав Кушан, тука е и младиот десен бек Матео Мараш, кој освои четвртото место со кадетската репрезентација на Хрватска на последното ЕП.

Неговиот татко Ивица Мараш играше за Хрватска 1997 година на СП во Јапонија, а денеска е човекот за односи со медиумите во ХРС. Матео е висок 203 цм, му се предвидува блескава иднина, а трансферот во Еурофарм Пелистер ќе му биде прв интернационален предизвик.

„Имав уште неколку понуди, од францускиот Тулуз, словенечкиот Целје и шпанскиот Адемар Леон, но на крај се одлучив за Еурофарм Пелистер. Не е такна дека го избрав овој клуб поради нашиот тренер бидејќи сум уверен дека ќе ми даде прилика за игра во сезоната во која не чекаат многу натпревари“, вели Мараш за „Вечерњи Лист“.

Мараш досега играше само во младинските лиги во Хрватска за тимот на Балиќ-Метличиќ, па настапот во СЕХА и во ЛШ или ЛЕ ќе биде голем предизвик за него.