Маноло Каденас седнува на клупата на Полска

Селекцијата на Полска по СП остана без селекторот Патрик Ромбел, а моменталниот предводник Бартош Јурецки е само преодно решение.

Според „Спортове Факти“, 67-годишниот шпански стратег Маноло Каденас би можел да стане нов селектор на полската репрезнентација.

Полска е веќе пласирана на Европското првенство во 2024 година во Германија, а таму би можела да биде предводена од искусниот стратег.

Каденас во моментов работи во Адемар Леон во татковината, а претходно беше тренер на Мешков Брест, Барселона, Гранољерс и Висла Плоцк. Како селектор, ја водеше долго време селекцијата на Аргентина.

Покрај Каденас, уште едно име што се споменува во медиумите како наследник на Јурецки, е Марцин Лијевски, кој моментално не работи никаде откако замина од Горњик Забже.