Маневски го „облече“ дресот на Веспрем (ФОТО)

По Давид Дејвис, Вуко Борозан, Рожерио Мораес, Хорхе Македа, Данил Шишкарев, Дејан Манасков, Арпад Штербик, како и кондицискиот тренер Марија Лојаница, на ред дојде и физиотерапевтот Димитар Маневски да се пресели во унгарскиот гигант Веспрем.

Маневски беше дел од Вардар во двете сезони кога македонскиот клуб стана европски шампион и се грижеше за здравјето на ракометарите. Тој во Веспрем ќе работи во тандем со Немања Вучиќ, а во Унгарија замина откако работеше во КЛ7, каде што мина полусезона се до промената на раководството.

Маневски беше седум години во Вардар, додека четири ипол години работеше и во националниот тим, но последна негова акција беше во Египет, кога Македонија играше на Мундијалот.

Тој веќе замина во Унгарија и започна со работа во Веспрем.