Мандалиниќ: Македонија стана ветена земја за хрватските ракометари – нивниот ракомет оди нагоре!

Македонија стана ветена земја за хрватските ракометари. На Иван Чупиќ во Вардар наскоро ќе му се придружат Анте Гаџа и Јосип Векиќ, а во Металург доаѓа Златко Хорват.

Во Битола во Еурофарм Пелистер има мала хрватска колонија предводена од тренерот Жељко Бабиќ и левиот бек Стипе Мандалиниќ.

Тој вели му се допаднал проектот на битолчани и избрал да дојде во Македонија, поради фактот што ракометот е спорт број 1.

„Имав други понуди, но ми се допадна проектот кој го прави Еурофарм Пелистер. Македонскиот ракомет оди нагоре. Еве гледате колку хрватски ракометари заминаа таму, тоа е ветената земја. Во Македонија ракометот е спортот број 1, а кај нас тоа се фудбалот и кошарката и тешко е да се избори со нив“, изјави Мандалиниќ за хрватскиот РТЛ.

По подолго време, три екипи ќе се борат за трофеите во Македонија и не чека интересна сезона.