Манасков: Првиот натпревар секогаш е тежок, ни треба повеќе време да се воиграме (ВИДЕО)

Бранителот на трофејот на Струшкиот турнир, Вардар со победа го отвори новото издание. „Црвено-црните“ малку потешко од очекувањата славеа над Алкалоид со 24-22, иако новиот суперлигаш парираше до самиот финиш. Повратникот во редовите на Вардар, Дејан Манасков, истакна дека овој резултат е очекуван, бидејќи екипата се наоѓа во фаза на воигрување. Во продолжение погледнете ја целосната изјава на левото крило на Вардар.