Манасков: После седум години играв дерби во Македонија!

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар триумфираше со седум гола разлика, 31-24, во првото дерби на македонскиот ракомет против Еурофарм Пелистер.

Искусниот Дејан Манасков беше еден од главните актери на денешниот дерби дуел против Еурофарм Пелистер.

Левото крило одигра на одлично ниво и во голот на гостите постигна седум погодоци

„Искрено не очекував победа од седум гола разлика, беше навистина тежок натпревар, се виде дека постои нервоза кај двете екипи на почетокот, жал ми е за немилиот настан, кој се случи во првото полувреме и мислам дека не смее да се случува тоа на вакви дерби дуели. Можеби паузата малку не смири и кога продолжи натпреварот подобро се снајдовме, победивме со три разлика на крајот на првото полувреме и тука започна нашата серија. Сакам да им честитам на момците за борбата, изгинавме во текот на сите 60 минути и одигравме одличен натпревар. После седум години, играв повторно во Македонија на едно дерби, среќен сум, имаме уште натпревари, треба да добиеме се до реваншот во Битола”, изјави Манасков.

Доколку двете екипи немаат киксови против другите екипи, по мечот во Битола ќе биде познат македонскиот шампион.

Избраниците на Недановски за следен ривал во плеј-оф фазата го имаат тимот на Тиквеш.

Вардар ја доби првата битка против Еурофарм Пелистер, ќе брани „плус седум“ во Битола