Манасков одново не е на список, камбек на Ојлески и Георгиевски, ќе игра ли Талески?

На новиот поширок список на селекторот Кире Лазаров нема големи изненадувања и во однос на претходниот за Португалија, има само четири промени.

Две од нив се принудни, па на местото на повредените Мартин Велковски и Иван Џонов, на списокот се најдоа Стефан Дрогришки и Едвин Омерагиќ, додека другите две промени се на крилните позиции.

Бекот на Охрид по подолго време се најде на поширок список на националниот тим, но ќе видиме дали ќе биде на скратениот. Омерагиќ по повредата одново е на располагање и се најде на списокот.

На местото на Дарко Кондев, камбек има за левото крило на Еурофарм Пелистер – Гоце Ојлески, а на местото на Никола Стоилевски е десното крило на Вардар – Гоце Георгиевски, кој ќе ги одигра последните натпревари во македонската репрезентација.

Одново го нема Дејан Манасков, а на списокот се најде Филип Талески, кој не беше дел од националниот тим на двомечот со Португалија поради лични причини, па се поставува прашањето дали и сега ќе му биде на располагање на Лазаров.

Мечот меѓу Луксембург и Македонија се игра на 27 април од 20:15 часот, додека последниот дуел меѓу Македонија и Турција е на програмата на 30 април од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Лазаров објави поширок список – еве кои 35 ракометари се во конкуренција за Луксембург и Турција