Манасков обезбеди полуфинале со Веспрем

Екипата на Веспрем денеска одигра натпревар од четврт-финалето на Купот на Унгарија каде што очекувано немаше проблеми против составот на Татабања. Иако беа гости Манасков и колегите беа убедливи и постојано во предност, па на крајот славеа со 26:16.

На полувреме Веспрем имаше предност од 14:9, па во продолжение оваа предност само беше зголемена исто така за пет гола така што конечните десет гола разлика беа и повеќе од доволни за конечен триумф на шампионите на Унгарија.

Дејан Манасков денеска успеа да погоди двапати во голот на противникот, а најефикасни во редовите на Веспрем беа Гајиќ со пет и Штрлек со четири гола.