Манасков: Најважно е дека денеска успеавме да победиме

Дејан Манасков имаше добра партија во победата на Македонија и тој презеде одговорност при изведувањето на ударите од седум метри што го правеше одлично во текот на целата средба.

После натпреварот го даде своето видување за она што го одиграа денеска и рече дека ова не смее да се повторува.

„Важно е тоа дека денеска ги освоивме двата бода. Ние почнавме добро, но потоа со наши грешки го доведовме натпреварот во неизвесност. Практично им дадовме топки в раце на нашите противници, а тоа никако не смее да ни се повторува на следните дуели. Ќе повтора, од денеска најважното е тоа дека успеавме да победиве“, изјави Манасков.