, Croatia vs N. Macedonia, Croatia Cup 2023 , Hrvatska vs N. Macedonia Poreč, Croatia, 06.01.2023., Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Манасков: Многу трчање и лесни голови, тоа е нашата игра – ама треба да ја подобриме одбраната

Дејан Манасков се наметнува како лидер на оваа репрезентација на Македонија и на првиот контролен меч против Хрватска во Пореч постигна девет голови. Македонија загуби со 40-34, иако одигра одлично, рамноправно и интересно прво полувреме. Дури и во завршните минути на мечот нашите ракометари намалија на „минус три“, но немаа сили за изненадување, иако имаа шанса сериозно да го намалат резултатот и да понудат „луда завршница“.

Левото крило на Вардар потврди како ќе играа Македонија, но и кои се послабите страни.

„Одигравме коректен меч. Имаше доста добри моменти деенска. Нападот беше доста добар, но послаба страна ни е одбраната и треба поскоро да ги репиме тие ситни проблеми, смета Манасков.

На овој турнир Македонија игра без Филип Талески и Никола Митревски, двоец кој е дел од првата седморка на репрезентацијата.

„Не е оправдување тоа што ни фалат Талески и Митревски. Треба да одигриваме подобро и да им помогнеме и на голманите, за да бидеме во ситуација да постигнуваме лесни голови. Добро трчаме, постигнуваме голови, Тоа е нашата игра во иднина, многу трчање и брзи напади. На следниот меч ќе одиграме најдобро што можеме. Најважно да бидеме здрави, смета Манасков.

Ова се последните контроли за Македонија пред заминувањето на СП во Полска. А таму целта е да се мине групата во која сме со Норвешка, Холандија и со Аргентина. Првите три продолжуваат понатаму, а последнопласираниот разигрува во „Президент Куп“.

„Имаме цел на СП, да ја минеме таа прва фаза. Меѓутоа, ако поминеме нема да застане. Ќе одиме од меч во меч. Одиме дасе надигруваме и да уживаме, смета Манасков.

Во следното коло , утре Македонија игра против Израел на „Трофеј Хрватска“