Манасков изброи до седум, Веспрем до нова победа

Репрезентативецот на Македонија и интернационалец во редовите на Веспрем, Дејан Манасков имаше уште еден интересен натпревар во првенството на Унгарија во кое со своите колеги дојде до победа над Будакалаш од 35:23.

Манасков заедно со Гашпер Маргуч беше далеку најдобриот. Маргуч беше прв стрелец со девет гола, но и Манасков не заостана многу бидејќи реализираше седумпати.

Ова беше нов одличен натпревар за Веспрем, на кој беше забележана 17 победа во 17 одиграни средби. Прв засега е Пик Сегед, но овој тим има повеќе натпревари од Веспрем. Засега тиот на Манасков е единствениот кој нема пораз и има максимален број на бодови.

Кога ќе бидат одиграни заостанатите средби може да се очекува екипата на Веспрем да дојде до враќање на првото место.