Манасков: В недела во Скопје не чека полна сала и екстра мотивиран Вардар

Следниот противник за Вардар во Лигата на шампионите е екипата на Веспрем која гостува в недела во Скопје од 17 часот. Ова е втор дуел меѓу овие ривали сезонава, кои играа во полуфиналето на последниот Ф4 турнирот.

Ракометарот кој играше една сезоната за Вардар, Дејан Манасков вели дека очекува мотивиран противник в недела па ќе биде интересно да се види како ќе биде на теренот во СЦ „Јане Сандански“ за него и неговите колеги од Веспрем.

„Ни претстои многу важен натпревар на гостувањето во Скопје. Вардар загуби неколку натпревари очекувам в недела да бидат екстра мотивирани за дуелот против нас. Салата ќе биде полна, па ќе биде навистина убаво да се игра на овој натпревар. Мораме да се сконцентрираме на нашата игра и да дадеме максимум. Доколку успееме да имаме добар ден мислам дека можеме да победиме во Јане Сандански“, вели репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков.

Средбата е од 10. коло од Лигата на шампионите, а за Вардар е ова максимално важен дуел. Исто така е од важност и за Веспрем бидејќи со нови бодови шампионот на Унгарија ги задржува шансите за првото место во групата.