Македонското дерби во Бундес без победник, Кузмановски зема бод кај Томовски

Репрезентативците на Македонија, Мартин Томовски и Филип Кузмановски одиграа добар натпревар. И двајцата добија добра минутажа, а на крајот бодовите беа поделени.

Лудвигсхафен и Хановер одиграа нерешено 27:27 така што од овој двобој излегоа со по еден бод.

Томовски на теренот мина речиси 49 минути и за ова време имаше девет интервенции со речиси 28 проценти на успешност.

Кузмановски, пак, во ремито учествуваше со два погодоци, а тие ги постигна без промашување со што и тој имаше солиден придонес во ремито на гостувањето кај Томовски.

Ова е добра вест и за селекторот Брестовац пред дуелите против Финска и Швајцарија бидејќи од двајцата се очекува да се најдат на теренот.