Македонски двобој на видик во втората рунда од Европскиот куп

Со објавувањето на рангирањето во Европскиот куп во женска конкуренција стана јасно дека ви 2, рунда лесно може да дојде до двобој на две екипи од Македонија.

Според рангирањето во овој куп вардарки се тие кои добија највисока позиција и тие ќе имаат улога на носител при ждрепката, а тоа значи дека како можни ривали ги имаат составите на Металург, Чаир и Деспина кои се исто така пријавени за настап во овој куп.

Ждрепката за 2. рунда е закажана за 20 јули, а натпреварите се дури во октомври. Поточно првиот натпревар е на 16 или 17 октомври, а реваншот е една седмица подоцна.