„Македонските тренери прво бараат систем за заштита, па се повлекуваат…“

Во Здружението на ракометни тренери при Ракометната федерација на Македонија во моментов се регистрирани 310 тренери, од кои 133 се активни во сениорските и младинските лиги во системот на натпреварување во РФМ.

Сите бараат механизам како да се заштитат во случај да не бидат платени за извршена работа или на сред сезона останат без клуб. Здружението веќе работи на изнаоѓање на систем, но истовремено доаѓа до потешкотии при неговата примена.

„Свесни сме за ситуацијата во која се наоѓаме и се прават напори да се изнајдат механизми за заштита. Веќе разговарав со двајца адвокати да ни бидат поткрепа и имаме идеја да направиме договор кој тренерите би го потпишале со Здружението и да постои унифицирана плата во зависност од тоа кои категории се водат – младински лиги, помошник тренер на сениорки, прв тренер… и со тоа да се гарантира некоја сигурна плата, која клубовите ќе мора да ја исплатат доколку ја прекинат соработката со одреден тренер. Се обидовме да го спроведеме тоа, но многу е тешко. Зошто? Затоа што тренерите во помалите клубови работат за без пари – само за да бидат активни, тренерите во ракометните школи кои се активни во натпреварувачки систем на РФМ живеат од чланарината или се сами свои газди и за нив е нелогично да потпишуваат договор со Здружението каде ќе потврдат дека сами на себе ќе си префрлаат плата. Дури и тренерите од Суперлига, велат почекајте, па не мора… Тренерите се согласни дека треба да постои систем за заштита, но кога ќе дојде момент тоа да се спроведе на дело се повлекуваат“, вели претседателот на Здружението на тренери, Гино Стрезовски.

Во продолжение прочитајте го викенд-интервјуто со Гино Стрезовски…

ИНТЕРВЈУ ГИНО СТРЕЗОВСКИ: Само кај нас може да има еден селектор за сите селекции!