Македонскиот ракомет загуби уште еден човек – почина Ристо Начевски

По веста за смртта на голманот Никола Даниловски, уште една тажна вест го погоди македонскиот ракомет.

Почина Ристо Начевски, поранешен македонски судија што подоцна ја извршуваше и  делегатската функција. Како судија ја делеше правдата заедно во тандем со Душко Камишевски и Марјан Огњановски.

Иако Начевски во последно време не беше активен во ракометот, сепак остави трага во овој спорт во Македонија.