„Македонскиот“ Вецлар го скрши мразот – прва сезонска победа

Екипата на Вецлар, во која настапува репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски, а асистент е Филип Миркуловски, се израдува на првата победа во Бундес лигата.

Вецлар во петтото коло во најсилната лига на светот за ривал го имаше тимот на Гепинген и успеа да слави со 29:24 (14:12).

Иако Гепинген беше фаворит пред дуелот, бидејќи одигра реми со Рајн Некар, на свое конто имаше и една победа, сепак, Вецлар со помош на публиката се израдува на прва сезонска победа.

Кузмановски на овој дуел беше стрелец на еден гол, додека неговиот колега Домен Новак со 10 погодоци го предводеше Вецлар до важни бодови.

Во следното, 6. коло, тимот на Вецлар силите ќе ги одмери со Хамбург и ќе се обиде да дојде до нов триумф.