Македонка го сруши милионскиот проект на Ким Расмусен

Магура Чиснадие успеа да ја совлада амбициозната екипа на Глорија Бистрица со два разлика, 32:30, во натпревар од третото коло од Романската лига. Екипата на Глорија Бистрица е една од главните фаворити за освојување на титулата во Романија, но на денешниот натпревар одигра под своето ниво.

Одлична партија во дресот на Магура Чиснадие одигра репрезентативката на Македонија, Елена Ѓорѓиевска која беше незадржлива на теренот.

Ѓорѓиевска имаше голем придонес во победата, успеа да реализира седум погодоци од девет обиди и заедно со нејзината колешка, Марина Бартац беа најефикасни во својата екипа. Поранешната ракометарка на Вардар, Марина Дмитровиќ пет пати се запиша во листата на стрелци во дресот на Магура Чиснадие.

Денешната победа на Ѓорѓиевска и нејзините колешките беше трета во низа. Во следното коло, Магура Чиснадие ќе се сретне со уште еден фаворит за освојување на титулата, а тоа е екипата на Рапид Букурешт.