Македонката „растури“ во Швајцарија – беше прв стрелец во лигата со 167 погодоци! (ФОТО)

Интернационалката од Македонија, Симона Гроздановска одигра одлична сезона во шампионатот на Швајцарија и беше предводник на екипата на Винтертур во обезбедувањето на опстанок. Винтертур во плеј-аут групата заврши на второто место.

Македонката беше прогласена за најдобар стрелец во швајцарското првенство. Искусната ракометарка сезоната ја заврши со 167 постигнати гола на 20 одиграни натпревари.

Фото: ЖРК Винтертур

Гроздановска ја предводеше листата на стрелци во регуларниот дел со вкупно 115 голови на 14 меча, а во плеј-аут фазата продолжи да ги полни противничките мрежи.

Со добрите настапи низ Швајцарија, Симона Гроздановска беше повикана и за настап во репрезентацијата на Македонија за квалификациите за Светското првенство во Шпанија, но поради приватни причини го откажа своето учество во националниот тим.

Таа не беше единствената интернационалка во Швајцарија од Македонија. Викторија Мурговска и Марија Гајиќ имаа солидни настапи за Ротвајс Тун, тим кој обезбеди исто така опстанок во најквалитетната лига во Швајцарија.