Македонката во ТОП 3: Савица Мркиќ втор најдобар стрелец во Италија!

Македонската интернационалка Савица Мркиќ, која настапува во екипата на Ериче, имаше одлични партии во првиот дел од полусезоната.

Мркиќ беше предводник на Ериче во речиси сите девет победи на тимот. Искусната ракометарка првиот дел од италијанскиот шампионат го заврши на 2. позиција на листата на стрелци.

Македонката на 11 одиграни натпревари постигна 94 погодоци и според статистиката Мркиќ на секој натпревар постигнувала по 8,5 погодоци.

Лидер на стрелците во шампионатот на Италија е ракометарката на Мецокорона, Аурора Гислимберти, која на 11 натпревари постигна 100 гола. На 3. позиција на стрелците се наоѓа членката на Падана, Илена Фурлането со осум гола помалку од Мркиќ, односно 86.

Тимот на Ериче, кој во своите редови ја има и некогашната голманка на Бразил, Чана Масон, се наоѓа на третото место на табелата со 18 бода, додека актуелниот Лидер Понтина на свое конто има 22 бода.