Македонија ќе се бори со Алжир за седмо место

Женската репрезентација на Македонија која на Медитеранските игри во Алжир настапува со состав од кадетско-младински микс, настапите во својата група ги заврши на последното место, откако денеска загуби и од селекцијата на Португалија.

Тоа значи дека избраничките на Љубомир Савевски ќе се борат за седмото место, односно ќе се обидат да ја избегнат последната позиција на шампионатот, а ривал ќе биде репрезентацијата на Алжир, која исто така натпреварите во својата група ги заврши со три порази.

Младата репрезентација на Македонија беше поразена од Турција, Србија и Португалија во натпреварите од Б групата, но на дел од споменатите натпревари, нашата репрезентација покажа дека може да се носи со поискусните противници.

Мечот со Алжир ќе се игра на 4 јули од 11:00 часот. Медитеранските игри во Оран се одлична подготовка за младите ракометарки на Македонија пред стартот на Светското првенство за кадетки во Скопје.