Македонија ќе решава „скандинавки“ – против Шведска и Исланд за мундијалско четвртфинале!

По трите победи во групната фаза против Сенегал, Иран и Узбекистан, Македонија обезбеди место во главната рунда на Мундијалот.

И не само што ќе игра во главната рунда, туку и пренесе два бода по триумфот на Иран. Следни предизвици за нашите ракометарки се Шведска и Исланд.

Швеѓанките по триумфот над Црна Гора обезбедија следна фаза, а Исланѓанките ќе пренесат два бода бидејќи славеа во групата против Швеѓанките.

Натпреварите ќе се игра на 3 и 5 август во СЦ „Борис Трајковски“ од 20:30 часот, а со една победа над некој од ривалите, Македонија ќе биде на чекор до четвртфинале.

Светско првенство, кадетки, главна рунда:

1.Македонија 2
2.Исланд 2
3.Шведска 0
4.Иран 0