Македонија Ѓорче Петров доби на искуство – дојде голманот Трајановски

Екипата на Македонија Ѓорче Петров во новата сезона ќе биде засилена со голманот Дејан Трајановски.

Тој по неколку годишна пауза се враќа на ракометните терени и ќе се обиде да му помогне на тимот во прволигашките битки.

Трајановски потекнува од Ресен, а последен клуб за кој настапуваше е составот на Риниа.

Ѓорчевци стартуваа со победа кај Текстилец во првото коло, додека во второто коло загубија дома од Алкалоид. Следен предизвик за нив ќе биде двобојот со еден од фаворитите за место во Суперлигата, Голден Арт.