Македонија Ѓорче Петров го реши тренерското прашање за следната сезона

Тимот на Македонија Ѓорче Петров го реши тренерското прашање за наредната сезона во прволигашката конкуренција.

По заминувањето на Оливер Димитриоски, кој се пресели во Скопје, екипата ќе ја води неговиот досегашен асистент Дејан Коцев.

Во сезона 2021/2022 година како тренер го предводеше кадетскиот тим на Македонија Ѓорче Петров, од каде потекнуваат најголем број на играчите кои ќе ги предводи во наредниот период.

Покрај тоа што му беше асистент на Димитриоски во првата екипа, минатата сезона Коцев ја извршуваше и тренерската функција во младинската екипа на тимот од Ѓорче Петров.

Македонија Ѓорче Петров во штотуку завршената сезона во Првата лига обезбеди место во плеј-офот, но таму немаше значајна улога.