Македонија Ѓорче Петров го доби финишот и ги однесе бодовите од дуелот против РК Алушовски

Во натпревар со многу резултатска неизвесност екипата на Македонија Ѓорче Петров успеа да ги освои трите бода против РК Алушовски победувајќи со 35:31.

Гостите го добија финишот на средбата и тогаш успеаја да го решат победникот со што освоија три бода кои може да им бидат од големо значење во продолжението од сезоната.

Тимот на РК Алушовски беше добар противник во поголемиот дел од средбата. Двете екипи се менуваа во предност, па практично добиваа одредени периоди од натпреварот. Гостите направија 12:5 во првиот дел, но до заминувањето на одмор домашните израмнија откако имаа серија од 4:0 во последните минути од првото полувреме.

Во вториот дел РК Алушовски ги доби првите минути и имаше плус четири водејќи со 25:21. Сепак, тука дојде криза при која беа примени седум гола во серија и тоа беше моментот кој го сврте натпреварот, па гостинскиот состав замина со трите бода од овој дуел.

И двете екипи на полувреме останаа без двајца ракометари. Поцрвенеа Стојчевски и Табакоски од РК Алушовски, како и Митревски и Фичуровски од екипата на Македонија Ѓорче Петров.

РК АЛУШОВСКИ – МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ           31:35 (16:16)

Сала: „Форца“ во Скопје. Гледачи: 200. Судии: Никола Пауноски и Оливер Спировски од Струга. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

РК АЛУШОВСКИ: Павловски, Стојчевски, Абдулкарим 1, Петровски 1, Па. Атанасијевиќ 3, Пе. Атанасијевиќ 11, Донев 3, Мартиновски, Ивановски, Крстевски, Рачевски 4, Стерјев 1, Андонов, Талевски 1, Белистојановски 3, Табакоски 3.

Седмерци: 2/6, Исклучувања: 6 мин.

МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Трајчевски, Огњановски, Митревски 5, Стефановски 5, Ѓорѓевски 3, Добревски 2, Фичуровски 1, Митрески 5, Димовски 7, Ѓорѓиевски, Спировски 6.

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 8 мин.