Македонија тргна со висока победа, за десетина минути го реши Косово

Кадетските репрезентативки на Македонија имаа одличен натпревар на стартот на ЕХФ шампионатот и го победија Косово со 33:15.

Откако вчера беа слободни, денеска девојките имаа крштевање на големите натпреварувања и тоа го направија на одличен начин. Оние ракометарки кои беа дел од ЕХФ шампионатот за младинки одлично ги водеа другите колешки во овој дуел и покажаа дека можат да бидат лидерки на овој турнир.

После само неколку минути беше јасно кој ќе победи на оваа средба. Иако имаше грешки сепак, за пет минути беше 3:0, а откако противникот реализираше следуваа уште неколку погодоци во серија и во 20. минута веќе бее 13:1 така што тука практично и заврши средбата.

Јовановска беше одлична на голот, а во нападот сите имаа свои моменти. Дукоска и Јанкулоска погодуваа без проблеми така што предноста растеше.

Откако беа обезбедени плус 12 до крајот на првото полувреме разликата не беше зголемена, па на одмор се замина со 17:5.

И вториот дел тргна со 3:0, па ова беше шанса на терен да се најдат и другите ракометарки. Савевски одлучи да им даде шанса на сите, но се забележуваше дека сите можат да одиграат денеска на високо ниво и до крајот се чуваше високата предност. Кирова бранеше исто така добро, а повеќето од девојките успеаја да постигнат голови во победата од 33:15.

Ова беше одличен триумф пред утрешниот дуел со домаќинот Литванија кој може да го трасира патот кон полуфиналето на овој шампионат.

МАКЕДОНИЈА – КОСОВО           33:15 (17:5)

Сала: Свитурио арена во Клаипеда. Судии: Бјарки Боасон и Гунар Густафсон од Исланд. Делегати: Киријакос Капланис од Кипар и Урмо Сици од Естонија.

МАКЕДОНИЈА: Јовановска (7 одб.), Кирова (11 одб.), Нестороска, Спасевска 1, Коловска, Јанкуловска 6, Дукоска 5, Равојска 2, Тошевска, Коцева 3, Пешиќ 1, Еленин 5, Богојеска 1, Ризоска 1, Коцева 3, Младеновска.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.

КОСОВО: Битиќи, Мулакадрија (11 одб.), Хисени, Малоку, Ајвази, Вараки, Ругова, Красниќи 1, Хоти 1, Хаџиу 3, Конѓели 2, Хиса 3, Гецај 5, Цецелија

Седмерци: -, Исклучувања: 12 мин.