Македонија со чартер лет и со 20 ракометари за Алборг на нов дуел против Данска

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска во 16 часот со чартер лет патува за Данска, па се очекува вечерва да имаат и тренинг во салата каде што утре ќе биде одиграна средбата.

Ракометарите после големата победа во четвртокот утре од 16 часот ќе се обидат и утре да дојдат до позитивен резултат, а сосема извесно е дека ќе се следи интересна средба за која конкурираат сите играчи освен Стојанче Стоилов.

Селекторот Кирил Лазаров на располагање има состав од 20 ракометари така што утре ќе донесе одлука со кои 16 ќе се излезе на терен.

На списокот на патници за Алборг се најдоа: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Дејан Манасков, Цветан Кузманоски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Михаил Аларов, Филип Талески, Емилијан Ѓоргоски, Игор Георгиев, Михајло Младеновиќ, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов и капитенот и селектор Кирил Лазаров.

Средбата се игра утре во 16 часот во Алборг, а ракометарите после натпреварот се враќаат за Скопје. Се очекува да пристигнат околу 23 часот.