Македонија со седум девојки од младинскиот ЕХФ шампионат против Косово (ФОТО)

Во составот на Македонија за првиот дуел на ЕХФ шампионатот во Литванија се најдоа дури седум девојки кои настапија на младинскиот шампионат во Скопје. Станува збор за дел од ракометарките кои имаа и добр минутажа особено за голманките и едно од крилата кои играа и по повеќе од 30 минути.

На првиот натпревар против Косово во тимот на Савевски имаше место за: Емилија Ризоска, Марија Јовановска, Ема Кирова, Ива Младеновска, Теодора Дукоска, Мила Пешиќ, Александра Коловска.

Нивното искуство од натпреварите во Скопје секако ќе биде добредојдено за кршење на мразот на ваквите средби од оваа генерација на кадетки така што сосема извесно е дека денеска може да се следи интересен натпревар.

Инаку, дуелот почнува од 18 часот, а на клупата на Македонија првпат во стручниот штаб ќе се најде и поранешната репрезентативка на Македонија, Мирјета Бајрамоска. Таа е дел од тимот на Савевски.