Македонија продолжува на СП без Јагуриновски и Павле Атанасијевиќ

Машката репрезентација на Македонија денеска го започнува настапот на Президент Купот од Светското првенство во Плоцк.

Селекторот Кире Лазаров остана во Плоцк со 17 ракометари, откако во Македонија се вратија повредените Томислав Јагуриновски и Павле Атанасијевиќ.

Македонските бекови заработија повреди на дуелите со Норвешка, односно Аргентина, кои не се сериозни, но нема потреба да се ризикува со нив на следните дуели.

Македонија прво игра со Алжир, додека на 21 и 23 јануари ќе се сретне со Тунис и Мароко, додкеа на 25 јануари е мечот за конечен пласман.