Македонија на „чекање“, ИХФ ги објави шеширите пред ждрепката за Мундијалот во Египет

Светската ракометна федерација ги одреди шеширите пред ждрепката за Мундијалот што треба да се одржи во Египет во јануари 2021 година. Ова ќе биде прво Светско првенство со 32 учесници, од кои половина доаѓаат од Европа со оглед на тоа што Полска и Русија добија вајлд-карти.

Досега се познати 30 учесници, а двата последни би требало да дојдат од Северна Америка и Кариби, како и од квалификацискиот турнир во Јужна Америка.

За првиот турнир се уште не е познат терминот кога треба да се игра, а вториот е закажан од 19 до 25 октомври во Ел Салвадор.

Доколку овој турнир биде одложен ИХФ поради ситуацијата со коронавирусот, би требало да го додели местото на најдобрата европска селекција која нема обезбедено место на СП, а тоа е Македонија.

Ждрепката ќе се одржи на 5 септември, веројатно во египетската престолнина Каиро.